Македонија Топ вести

Во спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе се вакцинираат граѓаните од истокот

Спортската сала „Јордан Мијалков“ денеска има катанец, но овде од наредната недела здравствените работници ќе се спремаат за масовната имунизација на населението од источниот регион. Директорката на Здравствениот Дом, Снежана Трајковска вели дека според првичните проекции во салата ќе има над 20 вакцинални пунктови, а во неа дневно се очекува да се имунизираат од 1.000 до 2.000 граѓани

Организацијата е по примерот во скопската сала „Борис Трајковски“, вклучени ќе бидат здравствените работници од вакциналните пунктови, болницата, Центарот за јавно здравје, а помош ќе имаат и од студентите на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, како и од волонтерите на Црвен Крст. На граѓаните кои се пријавиле на електронската апликација на министерството за здравство веќе им пристигнуваат и пораки дали остануваат на ставот за вакцинација и на кој пункт би се вакцинирале.Досега  во Штип се вакцинирани над 350 граѓани со вакцината Астра Зенека.

Засега е познато дека покрај Штип, масовна имунизација ќе има  во вакви објекти и  во Куманово, Битола, Тетово, Охрид и  Кавадарци.Во штипскиот ковид центар на болнички третман се 89 пациенти, тројца од Пробиштип, Свети Николе и Радовиш ја загубија битката со корона вирусот.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Успех на десницата на претседателските избори во Полска

Дејан Дејан

Агресивен облик на рак на простата му е дијагностициран на Бајден

Дејан Дејан

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе