Македонија Топ вести

Текстилната индустрија со нетрпение ја чека државната помош

Над 10.000 текстилни работници во земјава веќе  ја допреа сиромаштијата. Без плати и здравствено осигурување, пуштени на колективен одмор, а дел од нив и веќе со отказните решенија во раце.

Ваква е сликата во текстилната индустрија изминатите денови, кои со нетрпение ја чека државната помош, бидејќи и нарачките од странските партнери ги нема.

Компаниите не знаат ниту кога повторно ќе имаат работа.  Фабричките хали се испразнети, а сите се во грч и во  исчекување од она што се случува во македонскиот парламент, со петтиот пакет на мерки, но според стопанството, кое зависи од пазарите и партнерите во Европската унија потребен им е и шести пакет, до јуни

Според Кристина Ампева од Гласен Текстилец пратениците си играат со судбините на работниците, а отказите како гилотини им стојат над глава. Арогантни, несериозни и незрели, вака ги оквалификува Ампева пратениците. Смета дека мерките иако се задоцнети и недоволни барем ќе ја ублажат лошата состојба.

Секој изгубен ден, значи и  неколку изгубени работни места во реалниот сектор, кои повлекуваат на улица да се најдат и вработени во услужните дејности.

Од почетокот на пандемијата, па до сега 18.000 работници останаа без работа, повеќе од една третина се во текстилството и кожарството.

Важен е викендов, бидејќи во понеделник работниците кои се на одмор или се враќаат на работа или ќе се соочат со откази, прогласување на технолошки вишок.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе