Системски пропусти утврдила комисијата формирана при ЦУК околу барањето транспорт за унесреќениот Златко Божиновски од кратовското село Емирица, до болницата во Пробиштип. Од комисијата велат дека пропустите се поради застарените мапи на работа во регионалните центри во Кратово и Куманово, кои беа под нејзина лупа и дека не биле известени субјектите од Системот за управување со кризи, на локално и на национално ниво. Не било побарано хелихоптер од АРМ, а за потребата од теренско возило не била известена Дирекцијата за заштита и спасување од Кратово, зашто такво возило не поседувала.
Првиот пропуст кој што е идентификуван на локално ниво, не е известено подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во општината Кратово, иако колегите тоа го направиле врз основа на процена на ситуацијата, знаејќи дека основното сретство или ресурс кој се барал било теренско возило. Тие имале информација дека подрачното одделение не располага со теренско возило и водејќи се од тој факт, не направиле службено известување, изјави Стевко Стефковски, доктор по кризен менаџмент.
В.д. диреткорот на ЦУК, рече дека тие не се прогласиле за ненадлежни во спасувањето на Божиновски, како што напиша на Фејсбук лекарот Павле Зафиров од Здравствениот дом од Кратово. Тоа го потврдија и двајца вработени од Регионалниот центар на ЦУК од Кратово, на прашања на Ангелов пред медиумите. Според Зафиров 5 часа во импровизирани носилки го спуштале смрзнатиот сточар со мозочен удар по непристапен терен со снег, зашто од никој не добиле помош. Но, според Ангелов, ЦУК дејствувал и биле вклучени и другите надлежни институции, но Зафиров треба да каже дека погрешил зашто бил под емоции.
Дали од брзање, дали од возбуда, докторот не носел носилки, па морале да импровизираат со колци. Ќе било многу поедноставно ако го земеле основното сретство на секој брза помош. Носилките тогаш ќе можеле да го носат од друга страна и транспортот, изјави Ангелов.
На барање на ЦУК, Министерството за здравство треба да утврди колку се почитувале медицинските протоколи. Министерството за локална самоуправа треба да утврди евентуални пропусти во нивните редови, како и МВР, зашто според Ангелов директорот на БЈБ не бил известен за случајот, за да побара хелихоптер.
Ќе формираме дисциплинска комисија која точно ќе утврди одговорност. Како што веќе реков, направени се мали пропусти, но проблемот е мултиинституционален, рече ангелов.
Истрага за случајот со задоцентата помош за починатиот Боживоски во штипската болница, најави и Јавното обвинителство.
Сотир Трајков