Македонија Топ вести

Срамен, нечовечки и неодговорен однос на пратениците

Синдикатите и коморите апелираат до пратениците да престанат да си играат со судбината на илјадници работници и веднаш да го усвојат петиот пакет антикризни мерки.Како неодговорно и срамно го оценуваат вчерашното однесување на пратениците во законодавниот дом. Политиколозите сметаат дека пратениците одамна го имаат изгубено својот кредибилитет навлегувајќи длабоко во своите политички матрици.

Синдикатите и коморите се крајно разочарани од вчерашното однесување на пратениците во Собранието оценувајќи го како срамно, неодговорно и деструктивно.Синдикатот за текстил и кожарство предупредува дека работниците се без плата и егзистенција а можноста за откази од работните места и праќање на принуден одмор се зголемува.

Синдикат за текстил, кожа и чевли: Нечовечки е во услови на пандемија,Парламентот да си игра со судбината на илјадници луѓе кои чекаат плата.Народните пратеници се покажаа како ненародни луѓе.

ССМ бара од државата да ги спаси работните места до втората половина на годинава.

ССМ: Работниците не може да бидат на маргините за нечиј попитички пазар а пратениците од власта и опозицијата да престанат да си играаат со народот.

И стопанската комора смета дека е неопходно побрзо да се даде помошта во овој кризен момент за да може компаниите да продолжат со работа.Политиколозите апелираат пратениците да покажат поголем кредибилитет во услови на пандемија и да излезат од политичиките матрици.

Собраниската расправа која беше во тензична атмосфера траеше до полноќ.

Поради неможноста да воспостави ред, собранискиот спикер Талат Џафери ја прекина седницата.

Јулијана Пешевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе