Македонија

Пандемијата ги спречува граѓаните да го остварат правото на надоместок на помош и  нега од друго лице

Во канцеларијата на Народниот правобранител стигнале повеќе преставки и телефонски јавувања од граѓани на кои Центарот за социјална работа во Скопје и подрачните единици низ државата, не им ги примале документите за остварување на правото на надоместок на помош и нега од друго лице,  без наод и мислење од лекарските комисии.

Од кај Народниот правобранител велат дека проблемот е во неможноста граѓаните да добијат конзилијарно мислење  поради презафатеност на лекарите во услови на пандемија. За тој проблем ја известиле Владата, но и Центарот за социјална работа,  со барање да се прифаќаат документите на граѓаните без конзилијарното мислење .

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

ЈП „Национални шуми“ започна со превентивни мерки за заштита од пожари

Дејан Дејан

Предлогот за нов гувернер на НБРМ утре во Собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе