Ковид19 Македонија

Битолчани кои прележале ковид, масовно даруваат крвна плазма

Битолчани се солидаризираа во време кога градот е најголемото жариште на коронависрусот, па голем број од оние кои ја прележале болеста даруваат конвалесцентна плазма за нивните сограѓани кои се борат за живот. Секоја среда од раните утрински часови чекаат ред за да ја отпочнат  процедураата и да ги направат потребните анализи, со кои ќе се утврди дали можат да бидат дарители.

Целта е да спасиме живот, како крводарител имам дарувано крв 15 пати. Сметам дека должност ми е, ова е хумана одлука. Сакам да помогнам на некој, да се спаси живот, ја прележав короната. Апел до сите кои можат да даруваат, да се помогне ако се може, велат битолачни

Од Службата за трансфузиологија велат дека имаат големи побараувања на конвалесцентна плазма од Ковид центарот во Битола. Но, исто така голем е интересот кај битолчани, па повеќе тимови се органзиирани за да се направат потребните анализи и тестирања дали потенцијалните дарители ги задоволуваат потребните критериуми.

Таа плазма со сите испитувања ја даваме на болните кои се хоспиталзирани во нашата болница. Досега имаме дадено повеќе пати, и искуството е позитивно. После примената конвалесцентна плазма, пацинетот се чувствува подобро, има подобрување на клиниката слика, секако заедно со онаа терапија што колегите ја даваат во КОВИД-центрите, вели Златка Стојановска, раководител на Служба за трансфузиологија-Битола.

Конвалесцентната плазма се дава на заболените од коронавирусот  во битолската болница од јануари годинава. Досега ја примиле 63 пациенти. Со зголемување на бројот на заболени во Битола  и хоспитлаизрани со тешка клиничка слика, се зголеми и потребата од конвалесцентна плазма, па од болницата апелираат сите оние кои ја прелажале болеста да донираат конвалесвцентна плазма за пациентите со тешка клиничка слика.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

ЈП „Национални шуми“ започна со превентивни мерки за заштита од пожари

Дејан Дејан

Предлогот за нов гувернер на НБРМ утре во Собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе