Македонија Топ вести

Нема договор за државјанствата, решението на повидок

Тричасовната средба за Законот за државјанство не заврши со конкретен договор, но решението е на повидок. Напредок е постигнат и за неколку дена би можело да се дојде до дефинитивна верзија на законот. Повеќе детали не се откриваат, освен дека законот ќе се базира на стандарди кои се применуваат во европските држави. Од Алијанса за Албанците се откажале од барањето, државјанство да може да се добие со тројца сведоци. Наместо тоа, граѓаните ќе треба да достават документ како извод на родени, венчани, свидетелство или барем сметка за платена електрична енергија, за да докажат дали и колку време живеат тука.

Експерти од МВР до петок треба да го стават на хартија договореното и веќе од понеделник Законот да влезе во собраниска процедура. Се работи за 3.200 граѓани кои поднеле барање за државјанство. Од нив 1.500 не се родени тука, 800 се таканаречените фантоми, односно граѓани кои се родени тука, но никогаш не добиле државјанство. Останатите се по основ на брак и живеат во државата.

Алијанса и Алтернатива ги повикаа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица уште денеска да ги повлечат амандманите на Законот за државјанство, а за возврат тие ќе ги повлечат амандманите на петтиот антикризен пакет мерки.Премиерот, пак, рече дека нема да се користат други механизми за одблокирање на законите, затоа што очекува Законот да се донесе со консензус.

Законите од петтиот пакет на мерки можеа да се донесат и досега, затоа што и покрај големиот број на амандмани, комисијата за Финансирање и буџет има рок за работа до три дена, по што законот се враќа на седница. Но, претседателот на Комисијата, Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ, вели дека, не може да се почне со работа се` додека не добие писмено известување од претседателот на Собранието, дека може да ја закаже седницата. Такво известување до сега не добил, а доколку го добие, подготвен е да ја закаже седницата истиот ден.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Мексички воен брод удри во Бруклинскиот мост – загинаа двајца морнари

Дејан Дејан

Путин: Русија има доволно ресурси да го доведе конфликтот во Украина до „логичен“ крај

Дејан Дејан

Возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе