Македонија Топ вести

Владата ги објави имињата на тајните хонорарци

Владата ги објави имињата на „тајните хонорарци“, на оние кои се ангажирани до крајот на годинава. Нема податоци за надворешните соработници од претходната година за кои пишуваше „Призма“ ниту пак за вкупниот број ангажирани кои Телевизија Телма, по пат на усно барање за пристап до информации, ги побара во текот на денешниот ден од лицата задолжени во Владата за кои беше составен и записник.

Според списокот кој попладнево го објавија ангажирани се 55 надворешни соработници а авторските договори се потпишани во времетраење од една година. Хонорарите достигнуваат до 1.000 евра на месечно ниво. Најголем хонорар зема Владимир Цветковиќ, 60.000 денари за информатички услуги а по него е Ванчо Узунов со 53.000 денари. Тој бил задолжен за координација на регионалната економска интеграција на Македонија. Петрит Сарачини добивал по 42 000 денари за медиумски мониторинг. Иста сума добивале Тони Гравчевски како организатор на продукција и Владимир Василевски-монтажер.

Владата имала потреба од дополинетелен ангажман на советници за прес активности, за човечки ресурси, пишувачи на соопштенија. Потребен бил дури и асистент на портпаролите кој за својата работа добивал хонорар од 31 000. Соња Јанковска потпишала договор во висина од 22.000 денари за подготовка на податоци за човечки ресурси и одржлив развој.

Според објавениот список може да се заклучи дека најмногу пари се давани за медиа мониторинг и прес активности. Од Владата велат дека со објавувањето на листата на хонорарци се докажува дека тие ниту биле анонимни, ниту пак тајно ангажирани а ангажманите се строго професионални. Владата ќе стори се за да ги заштити овие лица од јавен линч, нарушување на приватност, говор на омраза или повици на насилство.

Наспроти ова неодамна БИРН во своето истражување наведе дека само во декември и покрај 250-те вработени во Генералниот секретаријат, минатата година Владата ангажирала 58 луѓе на кои за само еден месец им биле исплатени вкупно околу 38.000 евра. Одговор не добивме за тоа кои се лица биле дел од хонорарниот ангажман.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наскоро ќе биде објавена листата си нови лекови на сметка на фондот

Дејан Дејан

(ФОТО) Мексички воен брод удри во Бруклинскиот мост – загинаа двајца морнари

Дејан Дејан

Путин: Русија има доволно ресурси да го доведе конфликтот во Украина до „логичен“ крај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе