Македонија Топ вести

Протест пред Влада – организаторите на настани побараа да добијат грантови

Големите концертни сали и помалите клубови ги заменија со улиците. Организаторите на настани со звучниците и дел од опремата, пред зградата на Владата се прогласија за најпогодени среде Корона-кризата и побараа итно да добијат грантови. Велат дека не ни очекуваат наскоро да се вратат на својата работа со оглед на целата состојба поради Корона вирусот, па им останува само да затропаат на портите на надлежните и да побараат помош

Ние бараме грантови. Уште во јануари доставивме до Владата конкретни издржани предлози како тоа да се спроведе. Тоа не го измисливме ние, тоа Владата го направи кон ноќните клубови, кон игротеките, кон транспортерите. Видовме дека таков еден систем функционира и се разбира го побаравме и за нас. Во суштина, најмногу ќе бидеме среќни ако некој ни каже дека за еден месец ќе проработиме. Тогаш ниту ќе бараме помош, ниту ништо, изјави Маја Бабиќ, Претседател на Асоцијацијата на Ивент Индустрија ИВАП.

Според информациите со коишто располагаат од Асоцијацијата, ниту една фирма од овој сектор не затворила во изминатиот период, а запрашани како опстојуваат кога немаат работа, велат „се снаоѓаме“.  Од владата тврдат дека секторот за организација на настани подеднакво како и другите сектори е помогнат во кризата. Во последниот 5 пакет, Владата креираше наменска мерка за директна поддршка на економската гранка за организација на настани или уште позната како „евент менаџмент индустрија”, што е дополнителна мерка. Обезбедени се еден милион евра неповратни финансиски средства за организација на најмалку 40-тина настани, за чија реализација се очекува да бидат ангажирани повеќе од 100 компании. Целта е да се помогнат компаниите за да продолжат да работат, се вели во одговорот на Владата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Мексички воен брод удри во Бруклинскиот мост – загинаа двајца морнари

Дејан Дејан

Путин: Русија има доволно ресурси да го доведе конфликтот во Украина до „логичен“ крај

Дејан Дејан

Возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе