Драматични бројки на починати, новозаболени и хоспитализирани во двете најголеми општини во Пелагонискиот Регион. Прилеп останува лидер по црните ковид статистики, каде само во март починале 67 пацинети, а над 1500 се заразиле со вирусот. Вкупни се хоспитализирани 127 , но и 130 пациенти се лекуваат во дневната амбуланта во прилепската болница. Директорката Кети Смилеска вели дека и натаму притисокот за хоспитализации е огромен, поради што утре и официјално се отвора модуларната болница во Прилеп.
Во регионалниот КОВИД центар во Битола во последното деноноќие од компликации од вирусот починале четворица пациенти, од 62 до 80 години. Двајца се битолчани, по еден од Демир Хисар и Ресен. Вкупно на болничко лекување на Инфективното и одделнието за физикална медицина има 103 пациенти, а во изминатите 24 часа примени се 24 нови. Инаку за еден месец во Битола има околу 1000 новозаболени и 25 починати. Се поголем е бројот на пацинети со тешка клиничка слика на кои им е потребна крвна плазма, па низ социјланите мрежи постојано се бараат донатори.
Вчера во Битола почна вакцинацијата против КОВИД-19. Доставени е 1400 вакцинаи, а предвидено е дневно да се вакцинираат по 100 граѓани. Во текот на вчерашниот ден во закажаниот термин дошле 70. Во Прилеп пак засега на располагање се 900 вакцини, а ќе се имунизираат во просек по 90 лица на ден.
Емилија Мисирлиевски