Точно во 8 часот утрово отворен е вакциналниот пункт во ОУ Даме Груев, со што во Битола почна вакцинацијата против КОВИД-19 на населнието над 77-годишна возраст. Битолчаенцот Александар Стерјовски, меѓу првите ја прими вакцината на Астра Зенека и порачи дека ова е единствениот начин за спас од вирусот кој го тресе светот.
-Се потврди дека друг начин да се избегне ова зло нема освен да се прими оваа вакцина, токму поради тоа јас одлучив да ја примам, рече Александар Стерјовски
На секои десет минути граѓаните доѓаат на пунктот да се имунизираат закажени од матичните лекари со точна сатница преку „мој термин“
-Ова е спасот и на сите им поскакувам да дојдат да се вакцинираат за здравје, рече битолчанка.
-Сам дојдов да се вакцинирам. Мислам ќе биде добро, ова чудо да се отстрани, рече битолчанец.
Откако ќе ја примат вакцината, добиваат термин за ревакцина и потоа остануваат уште петнаесетина минути за да им се следи сотојбата.
-Имате ден за вакцина и час, го носите картончето на следна вакцина и доаѓате тука. Сега седете тука 15 минуту да ве опсервираме, рече лекарот.
-Добро, ќе дојдам, рече Стерјовски.
Во Битола пристигнаа 1400 вакцини, дневно на еден пункт во две смени, два тима ќе вакцинираат по 100 граѓани на ден. Процесот тече без застој, велат од битолскиот Здравствен дом.
–Секој пациент доаѓа во свој термин, се запишува, даваат изјава, влегува во пунктот.Администратор ид октор ги заведуваат во ситемот, отвораат картица, докторот го прегледува, потоа медициснките сестри го извршуваат вакцинирањето. Потоа сите тие протеокли во друга просторија пациентот 15 минути е времето на опсервација, вели др-Весна Спирковска, директор на Здравствен дом –Битола.
Пополнети се сите термини за вакцинација до крајот на оваа недела, а веќе се полнуваат и за следната. Доколку има потреба ќе се отворат уште два пункта во Битола и ќе се зголеми бројот на екипи кои го извршуваат вакцинирањето, велат од битолскиот Здравствен дом
Емилија Мисирлиевска
https://youtu.be/EtKUq4IxBv8