Добро планирање на парите, нејасни процедури, или застарен и нефункционален механизам за собирање на податоци се причината Македонија да не добие средства од Солидарниот фонд на Европската унија за справување со ковид кризата. Откако македонското знаме вчера го немаше во низата од знамиња кои ќе ги поделат 529 милиони евра европска помош, кои ги објави Европската комисија, официјалното објаснување кое стигна од македонската влада е дека земјава не го исполнила критериумот за да добие помош.
„Во нашиот случај тоа ќе значеше расходи за здравствениот сектор од почетокот на кризата, значи од 10 март и во наредните четири месеци, во износ од 0,3 % од Бруто националниот доход на земјата од 2018 година, таа е земена како референтна точка, што во апсолутна бројка значеше нешто повеќе од 30 милиони евра“, вели Калинка Габер, државна секретарка во Секретаријат за европски прашања.
Податоците за расходите кои биле прибирани од министерството за здравство, финансии, јавни претрпијатија, општини поврзани со здравствеиот сектор прикажале недоволни седум милиони евра за да се аплицира за помошта. Габер вели дека можеби е тоа резултата на добро планирање на парите.
Добро упатените во функционирањето на европските фондови за Телма велат овој фонд е прв на Унијата наменет за справување со здравствени кризи, а со тоа и за првпат Комисијата формулирани критериумите за него. Сепак клучно е сметат тие е дали земјата има функционални механизми за утврдување на штета.
„Секој фонд е со различни критериуми, тука е буквално утврдување на штета. Но ќе се повикам на постоечките искуства дека во држави каде што не постоело соодветен систем или механизам за утврдување на штета, постоеле застарени процедури за утврдување на штета, навремео собирање на потребните податоци, каде што зависи колку соодветно сме постапиле во оваа фаза за да ја добиеме вистинската бројка, односно вредност на трошоци кои што се потребни за добивање на средства од овој фонд“, вели Стефан Ристовски, истражувач од Институтот за европска политика.
Иако Ристовски е на став дека периодот кога се барало прикажување на трошоци земјава не била во оној пик на пандемијата како што беше подоцна, тој сепак смета дека треба убаво да се изнализира како течела целата постапката, за во иднина да има воспоставени механизми за урврдување на штета.
„Сметам дека прво треба да добиеме увид во тоа како е направена проценката и да се направи уште еднаш евалуација на тој процес, дали соодветно се одговорило и дали е потребно да се направат промени“, смета Ристовски.
Од СЕП за тоа као другите земји од соседството успеале да прикажат расходи за ковид, кога и тие беа во слична ситуации како Македонија дека треба да се види во нациојналнинте финснсии како ги трошеле парите.
„Една земја отскокнува од тоа, и тоа е Србија и претпоставувам дека фактот дека тие го имаат исполнето минималниот праг е за тоа што Институтот ТОРЛАК од почетокот на кризата сериозни средства издвои за истражување и развој. Тоа се капацитети кои таа држава ги има. Кај Албанија не знам дали направиле, можеби, ребаланс поголем кој што отишол кај здравствениот сектор“, вели Габер.
Инаку Србија ќе добие околу 12 милиони евра помош од европскиот фонд за справување со ковид, Албанија нешто помалку од милион, а Црна гора 200.000 евра. Макеоднија доколку го исполнеше минимумот од потрошени 31 милион евра ќе добиеше околу 750 до 800 илјади евра помош.
Тамара Грнчароска