„За жал последните два ипол месеци 45 деца со негативен тест за Ковид – 19, кои најверојатно асимптоматски го поминале вирусот, покажаа симптоматологии кои се манифестираат со проблеми со стомакот, бубрезите, срцето, како и централниот нервен систем“, рече вечерва во емисијата ВинВин на Телма, Аспазија Софијанова, директор на Детската клиника.
Таа истакна дека постковид синдромите кај децата не треба да ги занемаруваме, да не ги маргинализираме и ако поминале асимптоматски не значи дека завршиле со приказната Ковид – 19.
„Ако има позитивно членови во семејството после одреден временски период од 15-20 дена може кај децата да се појават проблеми со стомакот“, рече Софијанова.