Не го прифаќам извештајот на Лекарската комора и правдата ќе ја барам до крајот на животот, изјави за Телма Јилдиз Веапоска од Дебар, откако Лекарската комора по стручниот надзор во Струшката болница, констатирала дека нема лекарски пропусти и грешки во третманот на пациентката. На Веапсокса по порордоувањето и беа остранети бубрег, матка и јајаник, а тааза лекарска грешка го обвини гинекологот и директор на струшката болница Мухамед Асанаи. Сега вели дека очекувала ваков извештај, се сомнева во неговата објективност и бара јавно да се соопштат имињата на лекарите од Комората кои на 9 февруари го извршиле увидот.
-Не е прифатливо. Сакам Лекарската комора медициснки да го оправда извештајот. Ако не е лекарска грешак тогаш што е и зошто ги отстраниле органите. Да кажат каде се организте, јас лично ќе ги однесам во Судска медиција. Прво ќе се обидам во македонските судови, потоа ќе одам во Европа. Јас дури сум жива, ова ќе го тереам до крај, изјави Јилдиз Веапоска. Од почеток не е прифталива до 32 до крај
Како што пишува во извештајот на лекарскаат комора, Комисијата по направениот увид во медицинската документација и разговорот со тимот лекари во струшката болница, констатирала дека пациентката била соодветно третирана.
„Пацинетката е соодветно примена и адекватно предоперативно подготвена за завршување на бременоста. Не се евидентирани пропусти при породувањето и во постоперативното следење на пациентката. Лекарската екипа соодветно и навремено реагирала при првите знаци на влошување на здравствената состојба на пацинетката, се наведува во извештајот на Лекарската комор.
Лекарската комора направила увид и во Клиниката за Анестезија и реанимација во Скопје каде Веапоска била префрлена по влошување на сосотојбата, но и тука не се констаирани пропусти, односно како што пишува во извештајот, пациентката од моментот на прием до исписот била третирана согласно постоечките медицински норми и стандарди. „Сите преземни мерки се во насока на стабилизација и подобрување на здравствената состојба на пациентката„ се наведува во заклучокот на Лекарската комора. Но, Вепаоска останува на ставот дека се направени пропусти и лекарска грешка, затоа што со денови била оставене аво агонија.
-Зошто 4 дена ме чуваа така и накрај решиле да ми го спасат животот и да одат по протоколи? Зошто пред тоа не регаирале? 4 дена се жалев на болка. Никој не ми направи ехо, не видоа зошто се жалам, се додека не ми дојде крајот и додека не влегов во шок, вели Веапоска.
Во домот на струшкиот гинеколог и директор на болницата Мухамед Асани, Државниот санитарен и здраствен инспекторат во февруари откри нелегална гинеколошка ординација, за што е поднесена и пријава во струшкото обвинителство.
Емилија Мисирлиевска