Ковид19 Свет Топ вести

ЕК да го преиспита ветото за Австралија, но тие и сами произведуваат вакцини

ЕК да ја преиспита одлуката за блокада на извозот на вакцини во Австралија, бара официјална Камбера, откако вчера италијанската влада одби да издаде дозвола за 250.000 дози од вакцина на АстраЗенека на Австралија. Австралиските власти сепак велат дека процесот на вакцинација во нивната земја не е загрозен, бидејќи предходно пристигнаа 300.000 дози вакцини, а имаат и сопствено производство.

Па, тие (Италија) сигурно се одговорни за примената на ветото преку процесот на ЕУ за залихите кои доаѓаат во Австралија. Но поентата е во тоа што од секогаш очекувавме проблеми од овој вид. Затоа презедовме низа потези, од кои најважно е обезбедување на сопствена вакцина од домашно производство, изјави Скот Морисон, премиер на Австралија.

Во редовен контакт сме со европските лидери, вели Морисон. Во Италија луѓето умираат во просек по 300 на ден, европските земји имаат бројни потешкотии и затоа кај нив нервозата е голема.

Тие се наоѓаат во нескротлива кризна ситуација. Што не е случај со Австралија. Но сепак, успеавме да обезбедиме свои залихи, како и дополнителни од увоз, како со Фајзер, така и со АстраЗенека, што значи дека можеме да продолжиме со усвојување на нашата програма, вели Морисон.

Европска Унија првпат ја користи можноста за забрана на извоз на вакцини против Ковид-19, откако во јануари беше воспоставен регистарот за следење на извозот на вакцините, кој им доволува на одредени земји членки на ЕУ во консултации со ЕК да користат вето.

АстраЗенека се уште не ги испорачала во ЕУ ветените дози на вакцини, а предвидените испораки од 80 милиони двојно ги намалила на 40 милиони дози, со образложение дека се соочува со проблеми во производството.

Во меѓувреме Бугарската Влада започна консултации со ЕК за увозот на руската вакцина „Спутник V“. А францускиот министер за европски прашања Клемент Боне изјави дека солидарноста на ЕУ може да биде загрозена доколку нејзините членки изберат кинески или руски вакцини против Ковид-19, кои сè уште не се одобрени од регулаторот на ЕУ.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии, Град Скопје бара реакција од Општина Кисела Вода и МЖСПП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе