Вести Свет Топ вести

Трамп се врати и најави кандидатура за претседател во 2024-та

Доналд Трамп се врати. Еден месец по напуштањето на Белата Куќа, излезе на сцената на конференцијата на Конзервативната политичка акција. Во својот говор ја повика Републиканската партија на единство, и покрај внатрепартиската поделеност, поранешниот претседател јасно стави до знаење дека има намера да биде доминантна сила во партијата.

Стојам пред вас денеска да соопштам за неверојатното патување што го почнавме заедно, минавме низ патување како никој друг, никогаш немало такво патување. Никогаш немало толку успешно патување. Заедно го започнавме пред 4 години, и се уште не е завршено. 

Трамп, кој на конференцијата беше дочекан како херој, не ја пропушти можноста да го искритикува својот наследник Џо Бајден, истакнувајќи дека Америка од прва сега е последна. Шпекулациите дека ќе формира трета партија, и ќе ги подели гласовите,  Трамп ги демантираше и го зацементира својот статус во партијата како неприкосновен лидер и покрај загубата во номеври.

Не формираме нови партии. Знаете, се зборува „тој ќе формира нова партија“. Ја имаме Републиканската партија, ќе се обедини и ќе биде посилна. Не правам нова партија.

Иако во партијата има истакнати критичари, голем дел од Републиканските челници стоеа во прв ред на конференцијата и аплаудираа. Телевизијата Си Ен Ен пренесува дека во неофицијалната анкета меѓу учениците на конференцијата Трамп добил поддршка од 55 %, како иден кандидат за претседател. Учесниците покажале и големо интересирање за гувернерот на Флорида, Рон Десантис. Според аналитичарите, влијанието на Трамп во партијата засега е сигурно, но ќе треба повќе да се докаже, ако сака да го преточи тоа во уште една претседателска номинација.  Конференцијата на Конзервативната политичка акција е едно од најважните годишни собирања на конзервативците и се одржува во момент кога се одлучува во која насока ќе се движи Републиканската партија, дали ќе се дистанцира од поранешниот претседател или ќе стои зад него.

Алиса Шутиноска

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе