Ковид19 Свет Топ вести

Џонсон и Џонсон нуди заштита со една доза од вакцината против Ковид-19

Американските регулатори потврдија дека вакцината против коронавирусот на компанијата Џонсон и Џонсон, која се дава преку една доза, е безбедна и ефективна.

Со тоа, се отвора патот, оваа вакцина да стане третата која ќе биде одобрена за употреба во Соединетите американски држави, што може да се случи во некој од наредните денови. Вакцината била тестирана со 44 000 возрасни луѓе во САД, Латинска Америка и Јужна Африка, каде се шират различни мутирани варијанти на вирусот. Џонсон и Џонсон претходно потврди дека нивната вакцина подобро функционира во САД, каде е 72% ефективна против умерената и тешка форма на Ковид -19, во споредба со 66% во Бразил и 57% во Јужна Африка. САД нарачаа 100 милиони вакцини до крајот на Јуни, додека нарачки доставија и Обединетото Кралство, Европската Унија и Канада. Истовремено, преку Ковакс системот, за посиромашните земји нарачани се околу 500-тини милиони дози.

Значи, повторно, треба да се анализираат сите податоци, но на прв поглед, има одредени предности на вакцината на Џонсон и Џонсон. Стабилна е во фрижидер, може да се пренесува и да се чува на температури во фрижидер. Штом ќе дојде до финалната фаза и ќе треба да се аплицира, таа е стабилна и може да се чува во фрижидер 3 месеци. Се дава преку една инјекција, д-р Пол Офит, директор на образовниот центар за вакцини, детска болница во Филаделфија.

Синоќа беа објавени и првите резултати од ефикасноста на вакцината против Ковид -19 на Фајзер и Бионтек, но не од тест групи туку од реалниот живот на една нација која се имунизира. Резултатите потврдуваат дека вакцината е многу ефикасна за спречување на сериозни болести и смртни случаи, дури и по една доза.

Податоците од масовната кампања за вакцинирање во Израел, покажуваат висока ефикасност од аплицирањето на вакцината во населението, од различни возрасни групи и со различни хронични болести.

Според податоците, вакцината на Фајзер е 92% ефикасна во спречувањето на тешки болести по две дози и 62 проценти по една доза.

Проценетата ефикасност за спречување на смртни случаи е 72%, две или три недели по првата доза, процент кој може да се подобри откако имунитетот се зголемува со текот на времето.

Вакцината на Фајзер е подеднакво ефикасна и кај луѓето над 70 години и кај помладата популација.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неуспешна прва рунда од преговорите за мир во Украина

Дејан Дејан

Во сабота во Градски парк настан на кампањата „Крени глас“ на Макпетрол – „Со позитивна енергија против врсничко насилство“

Дејан Дејан

Билатералните теми да не бидат пречка на европскиот пат, вие имате уште реформи – пораки на Мајнл–Рајсингер, МНР на Австрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе