По одлуката на здравствените власти во Мелбурн во следниве пет дена целосно да се забрани движењето, организаторите на Отвореното тениско првенство на Австралија решија трибините да се забрани присуство на гледачи.
Во новото жариште на присуство на вирусот кое е поврзано со персоналот во хотелот каде што се сместени тенисерите, премиерот на владата државата Викторија, Даниел Ендрјус реши ги забрани верските и другите јавни собири во кои спаѓаат и мечевите на првиот Гренд слем тениски турнир.
“Мораме да претпоставиме дека постојат повеќе случаи од регистрираните 13 и дека инфекцијата се шири со брзина која не е забележана во целата земја во изминативе 12 месеци”, изјави Ендрјус.
Во досегашниот тек на турнирот беше дозволено присуство на гледачи во бројка не поголема од 50 проценти на капацитетите на трибините на терените, но во следниов период тенисерите своите мечеви ќе ги играат пред празни трибини.