Свет

Лидерот на пучот во Мајанмар имаше прво ТВ обраќање, масовни протести на улиците

Лидерот на пучот во Мајанмар имаше свое прво ТВ обраќање, обидувајќи се да ја оправда акцијата против масовните протести. Мин Аунг Хлаинг рече дека ноемвриските избри, на кое убедливо победи партијата на приведената лидерка на Аунг Сан Су Ки, биле неправедни.

Војската почна да наметнува ограничувања во некои области, полициски час и ограничување на собирите.

Денеска трет ден по ред се одржаа масовни протести против пучот. Говорот на генералот исто така предизвика револт, а фотографиите на друштвените мрежи ги покажуваат луѓето како тропаат во тенџериња во знак на протест пред телевизиските екрани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мировни преговори во Истанбул без Путин, Зеленски руските делегати ги нарече „статисти“

Дејан Дејан

Мировни преговори во Истанбул без Путин

Дејан Дејан

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе