Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ бара да се замрзнат преговорите со Бугарија

Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ од собраниска говорница побара од Премиерот Заев јавно да соопшти дали и какви притисоци вршел врз членовите на мешовитата комисија, да се прогласи мораториум на преговорите а сите политички партии да постигнат национален консензус за спорот со Бугарија.

Премиерот Заев негира дека вршел притисоци врз членовите на мешовитата комисија од македонска страна. Договорот на историчарот Александар Литовски не бил продолжен затоа што тој тоа лично го побарал од него поради семејни и лични причини. Преговорите со Бугарија ќе продолжат и никој не може да го оспорува македонскиот јазик и идентитет, вели Заев.

Седницата на која се поставуваа пратенички прашања не ја следеа пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива кои ја напуштија салата поради револтот што Зијадин Села бил ставен петти на списокот за збор, а според нив требало да биде прв затоа што бил лидер на партија. Најавија дека во иднина нема да дозволат да се дискутитра за пратенички прашања доколку не се прифати нивното барање да бидат на почетокот на листата.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе