Вести Свет Топ вести

АстраЗенека демантира дека се повлече од преговорите со ЕУ

Производителот на вакцини АстраЗенека демантира дека одбиле да се сретнат со највисоките претставници на ЕУ за да разговара за проблемите со производството на вакцини против коронавирус.

По низа нејснотии, и медиумски препукувања, средбата сепак ќе се одржи вечерва во Брисел.

Извршниот директор на „АстраЗенека“, Паскал Сориот возврати на официјалните претставници на ЕУ кои ја критикуваа лабораторијата за снабдување на значително помалку дози од договореното, велејќи дека неговата компанија сигурно не зема вакцини од Европејците за да ги продава на друго место со профит.

За италијанскиот весник Ла Република, Сориот вели дека неговиот тим работи 24-7 за да ги среди проблемите со производството на вакцините. Вели дека доцнат два месеца од она што било планирано, но обвинува дека ЕУ доцна одлучила да потпише договор со компанијата, со што им се ограничило времето за средување на нарачката. Објаснува дека Велика Британија, која е надвор од блокот, го потпишала договорот три месеци пред ЕУ, и затоа сега ја имаат вакцината.

Сориот вели дека планот е да почнат со достава во февруари, а тоа нема да биде мала доза. Станува збор за милиони дози вакцини кои ќе се достават до ЕУ, вели Сориот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ученик нападна настаничка во ООУ „Јан Амос Коменски“ – соучениците трет ден бојкотираат настава

Дејан Дејан

Мајката Невена Спасеска повикана во обвинителство, осомничена е за одземање на дете

Дејан Дејан

Битолскиот суд „одмрзна“ три милиона евра на компанијата „Руд Коп“ – на барање на Обвинителството повторно ги блокира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе