Од Ковид 19 во 87 година од животот почина славниот телевизиски водиле Лари Кинг. Кинг беше еден од најпознатите луѓе во историјата на телевизијата.
Лоренс Харви Цејгер, познат како Лари Кинг, легендарниот тв и радио водител почина утрово во медицинските центар во Лос Анџелес. Тој пред неколку недели беше болен од корона вирусот, по што беше и хоспитализиран. Кинг беше познат што во својата 60-годишна телевизиска кариера направи илјадници интервјуа на претседатели, светски лидери и славни, како и секојдневни луѓе.
Беше многу елоквентен и сестран домаќин на своите емисии, а познат беше по директниот пристап без многу заобиколувања. Се женеше дури осум пати, зад себе остави пет деца и девет внуци.
Многу личности од јавниот живот се огласија по информацијата за неговата смрт, а сочувство изрази дури и претседателот на Русија, Владимир Путин.
Лари Кинг е добитник на неколку врвни ТВ награди, како и една ЕМИ награда.