Неважните патувања треба да бидат обесхрабрени, не само помеѓу земјите членски на ЕУ, туку и внатре во земјите, а во истовреме важно е да се задржи функционирањето на единствениот европски пазар, односно работниците и стоката мораат непречено да ги преминуваат границите. Челниците на ЕУ се сложни дека овие мерки ќе го спречат ширењето на коронавирусот, ќе се намали бројот на хоспитализирани, како и на смртни случаи.
Целосно све уверени дека мораме да ги задржиме границите отворени за да го одржиме функционирањето на втарешниот пазар, но во истовреме сме уверени дека би требало да биде овозможена примена на ограничувањата за неважните патувања, рече претседателот на ЕС Шарл Мишел.
Претседателка на Европската комимсија, Урсула фон дер Лејен најави воведување на нови ознаки на епидемиолошката карта на ЕУ, патниците од земјите со темноцрвената зона ќе мора да прават тест и да одат во задолжителен карантин.
Предлагаме воведување на нова категорија „темноцрвена зона“ која покажува дека во тие зони вирусот цркулира на восоко ниво. Од лицата кои патуваат од подрачјата со темноцрвена зона може да се бара пред патување да направат тест, како и да бидат свена во карантин по пристигнувањето, тоа е внатре во ЕУ, рече претседателката Фон Дер лајен.
Францускиот претседател Емануел Макрон се подготвува да донесе одлука за PCR-тестовите да бидат задолжителни за сите патници кон Франција, вклучително и другите земји на ЕУ, почнувајќи од недела.
А соседна Грција со уште поригорозни мерки – за сите оние кои ќе пристигнат на било кој начин и од било која земја, задолжителен е седумдневен домашен карантин, одлуката ќе важи до 8-ми февруари. А по истекот на деновите поминати во карантин задолжителен е Пи-си-ар тест кој доколку е негативен, завршува изолацијата, а во спротивно, карантинот ќе трае 14 дена.
Во Португалија се затвораат градинките, училиштата и факултетите поради Ковид-19. Со ваквата одлука на владата во Лисабон околу два милиона ученици и студенти ќе останат во своите домови.
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша наредба според која сите што патуваат во САД со авион треба да имаат негативен тест за коронавирус пред да се качат и да бидат во карантин по пристигнувањето во земјата. Претпоставките се дека САД најверојатно ќе достигнат 500.000 смртни случаи од Ковид-19 следниот месец.
СЗО со информација дека бројот на лица заразени со Ковид-19 ќе достигне 100 милиони до крајот на јануари, но вакцините имаат потенцијал да ја контролираат пандемијата.
Билјана Ставрова