Вести Свет Топ вести

Бајден ги менува одлуките на Трамп, потпиша 15 извршни одлуки

Само неколку часа по заклетвата, новиот американскиот претседател Џо Бајден поништи дел од одлуките на својот претходник Трамп. Потпиша 15 извршни одредби – како одговор на државата на кризата со корона вирусот. Со новите акти Америка повторно се враќа во Парискиот договор за климата, се укинува и забраната за влез во САД за државјани од муслиманските земји – забранат која Трамп ја воведе брзо по влезот во Белата Куќа. Се стопира и изградбата на ѕидот на границата со Мексико – проект на кој Трамп беше прилично горд. Демократијата мора да владее порача Бајден, и нема подобро време за тоа да почне денеска.

Мислам дека за работите кои ќе ги правиме треба да сме храбри и одлучни, и нема подобро време за почеток од денеска. Горд сум на денешните извршни одредби. Почнувам со одржување на ветувањата што ги давав на американскиот народ. Има долг пат за одење. Ова се само извршни одредби. Важни се, но ќе ни треба и легислатива за многу од работите што следат. 

46-от претседател на САД издаде наредба со која се воведува задолжително носење маска -постапка што Доналд Трамп секогаш одбиваше да ја направи.

Брзо по потпишувањето во Овалната Соба, јавноста ги дозна и приоритетите на американскиот претседател. Америка ќе ја користи дипломатијата за да ги смири односите со Иран. Ова е на дневен ред во првите разговори на Бајден со странските сојузници. Бајден претходно изјави дека ако Техеран продолжи стриктно да го почитува договорот со големите сили од 2015-та и ги ограничи своите нуклеарни амбиции во замена за попуштање на санкциите – Вашингтон ќе се врати на договорот од кој излезе Трамп.

Претседателот јасно даде до знаење дека верува како со дипломатски напори, САД ќе настојува да го продлабочи и зајакне нуклеарното скротување на Иран и да одговори на други прашања кои предизвикуваат загриженост, изјави портпаролот на Белата Куќа, Џен Псаки. 

Не му требаше долго на новиот претседател да ја покаже својата рака. Цели му се некои од најконтроверзните одлуки од агентата на Трамп. Администрацијата на Бајден исто така ќе ги замрзне и регулативите на Трамп донесени во последна минута. Сепак, извршните одредби се релативно лесен дел. За да ги зацементира своите одлуки кои потоа нема да може да се ревидираат од негови наследници, Бајден ќе мора да соработува со Конгресот за одлуките да преминат во закон.

Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе