Ковид19

10 починати, 403 новозаразени од Ковид-19

Во меѓувреме, листата на пацинети со Ковид се зголеми за 403-ца новозаразени, а битката за живот изминатото деноноќие ја загубиле десетмина.

По двајца починати има во Скопје и во Прилеп, а по една жртва на вирусот регистрираа Куманово, Охрид, Гевгелија, Струмица, Делчево и Кичево.

Позитивни на вирусот, пак, се 19 проценти од тестираните. За 24 часа ковид е потврден кај нови 403 лица од 2118 тестирани. 165 од нив се од главниот град, 30 нови случаи има во Куманово, 25 во Велес, 22 во Кавадарци, во Охрид 19, Тетово и Кочани имаат по 14, само еден помалку е регистриран во Струмица, по 11 нови случаи има во Струга, Неготино и во Гостивар, а во Прилеп и Битола по 10.

Во најновите ковид-статистики влегоа и 339 лица што ја добиле битката со вирусот. Со нив вкупната бројка оздравени  се искачи на 69 илјади 476 луѓе. Од почетокот на пандемијата пријавени се вкупно 88 илјади 389 случаи со Ковид, а во моментот активни се 16 илјади 231.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Нема кој да ги контролира авионите на лондонски Гетвик – сите вработени се болни од ковид – откажани стотици летови

Дејан Дејан

Се враќаат маските за Ковид – задолжително ќе мора да се користат во болници и амбуланти

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе