Најважни Свет

Последна шанса Трамп да се повлече

Демократите денес ќе му дадат последна шанса на претседателот Доналд Трамп да се повлече од функцијата пред да се обидат да го отповикаат по втор пат поради нападот на неговите поддржувачи на Конгресот на 6 јануари.

Претставничкиот дом на САД, во кој демократите имаат мнозинство, планира да гласа за отповикување уште во среда, ако Трамп не се повлече од функцијата до тогаш или потпретседателот Мајк Пенс одлучи да го отстрани според Уставот на САД.

Долниот дом на американскиот парламент ќе гласа во вторник за резолуцијата со која се повикува Пенс да го активира 25-тиот амандман, никогаш претходно употребен, што му овозможува на мнозинството во владата да го смени претседателот ако тој или таа не може да ја исполни својата должност. Сојузниците на Пенс тврдат дека тој не е склон кон идејата.

Насилството што избувна во Капитол минатата недела создаде раздор меѓу Трамп и Пенс, па тие не разговараа со денови, пренесува Ројтерс. Дуото се состана во Белата куќа во понеделникот, а извор од властите тврди дека разговарале за немирите.

„Тие имаа добар разговор, разговараа за следната недела и за изминатите четири години работа и достигнувања на владата“, додаде официјалното лице.

Доколку Трамп не се повлече и Пенс не го активира членот до среда, демократските лидери планираат да разговараат за отповикување во долниот дом, една недела по немирите што ги натераа пратениците да се кријат во зградата на Конгресот со часови и однесоа пет животи.

Министерството за правда на САД ги покрена првите обвиненија против две лица, поврзани со немирите во Капитол, вклучувајќи и едно лице од Алабама, за кого се тврди дека паркирал камион со бомби, пиштоли и муниција на два блока од зградата на Конгресот.

Двете лица беа приведени минатата недела и нивните кривични дела беа објавени во јавноста веднаш по немирите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе