Свет

Во Јапонија откриена трета мутација на Ковид-19

Јапонија откри нова мутација на коронавирусот, јавија локалните медиуми. Пронајден е кај четворица патници од Бразил.

Јапонското Министерство за здравство соопшти дека се спроведуваат студии за ефикасноста на вакцините против новиот, трет тип, што се разликува од многу заразните варијанти на вирусот, откриени за првпат во Велика Британија и во Јужна Африка.

Според Националниот институт за заразни болести на Јапонија, во моментов нема докази дека новиот тип пронајден кај патници од Бразил е многу заразен.

Четворицата патници, пристигнале на аеродромот во Токио на 2 јануари – 40-годишен маж со проблеми со дишењето, 30-годишна жена со главоболка и болки во грлото, тинејџерка со висока температура и друга жена на околу 30 години, без симптоми.

Поради силниот скок на новозаразени Јапонија прогласи вонредна состојба за Токио и три места во непосредна близина на главниот град. Во таа држава веќе има околу 289.000 заразени и 4.061 смртни случаи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе