Вести Македонија Топ вести

Година за заборавање

Годината нема да биде запаметена по чевлите на министерката Мила Царовска. Да беше некоја друга година, а не оваа и ваква 2020-та, „Приказната за чевличињата“ ќе беше сосема пристојна Новогодишна тема, во која ќе имаше споредување со неверојатно сличните а сепак различни чевлички на министерката Радмила Шеќеринска, но и за севкупниот стајлинг на женскиот тим во Владата. Да ми прости посилниот пол што не го споменувам.

Многумина ќе здивнат што конечно си оди оваа „тешка“ година, чии содржини може „да исполнат четири обични“ престапни години. Во неа, толку многу здравствени проблеми, вонредна состојба, полициски час, живот под маски, предвремени избори, рекомпониран Парламент, нова Влада… И на крајот, наместо конференција со ЕУ; вето!

А премиерот Заев останува оптимист. И на исток и на југ, и во ЕУ и во САД, тој гледа пријател и брат. Освен во опозицијата.

Дали е струмички или петрички, македонски или бугарски, двајцата главни лидери во земјава како да зборуваат различни јазици, па тешко се разбираат.

Заради отежнатите можности за дијалог, партиите повремено користат говор на телото.

Дистанца не држат, но барем маски носат. Уште во април, Александар и Дац сакаа да ги тргнеме маските и да и кажеме чао на короната. Тоа беше прерано, но се надевам дека на пролет 2021-ва е – на време.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битолското обвинителство бара продолжување на мерката- замрзнување парични средства во предметот РЕК Битола

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе