Вести Македонија

МОН чека до 20 јануари предлози за подобрување на „Концепцијата за основното образование“

Наставниците, професорите, експертите по сите области може до 20 јануари да испраќаат свои коментари, предлози и сугестии за унапредување на содржината на Нацрт-верзијата за концепцијата за основното образование,  соопшти Министерството за образование и наука . Сите предлози може да се испратат на електронската адреса [email protected]. А нацрт верзијата е достапна на 5 јазици . Според најавите на министерката Царовска во септември би стартувал новиот концепт со интегрирани предмети во основното образование, и тоа со учениците од прво и од шесто одделение. Сукцесивно ќе се продолжува во останатите одделенија и би требало во период од 5 години целосно да се промени образовниот систем. Според неа ниту еден наставник нема да ја изгуби работата. Една од главните новини е тоа што Концепцијата предвидува комбинирање на повеќе научни дисциплини, кои досега се изучуваа посебно. Меѓу новините кои се воведуваат е задолжителен престој на учениците во училиште и тоа 5 саати од прво до петто одделение ,  6 саати од шесто до деветто одделение. Шест саати ќе биде задолжителен престој на наставниците во училиште. Ќе има девет задолжителни предмети, а новина е дека ќе бираат меѓу втор странски јазик и албански јазик. Повеќе институти и студентски организации изразија негодување со предложената Нацрт-концепција

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе