Од над 10 илјади анкетирани здравствени работници во државното здравство 67,7 проценти се изјасниле дека сакаат да се вакцинираат против ковид 19 вирусот. Од 2 000 приватни пак, околу 60 проценти се ЗА. Формуларите за пополнување им биле испратени пред десетина денови, но се уште ова не е конечната бројка бидејќи комитетот за имунизација се уште ги сумира резултатите. Токму здравствените работници се оние кои први треба да се вакцинираат. За какво е расположението на граѓаните пак се уште нема официјални податоци.
Најголемата задршка со години е кај здравствените но ова се промени со ковид вклучително и вакцина значи живот . ние се уште немаме официјална анкета, ја подготвуваме со сзо и уницеФ кампања за правилно информирање. она што го видовме за морбилиТЕ неточни инфоРМАЦИИ по соцИЈАЛНИТЕ медиуми ете се заговори. најпрво Ќе искочиме ЗА ТОА кои се, како се добиени вакцините, но и како граЃаниТЕ да се одлучат да ја примат, вели Д-р Александра Грозданова – Претседател на комитет за имунизација.
Точно кога ќе пристигнат првите вакцини не се знае, но се очекува во јануари. Тие ќе бидат дел од оние кои Европската унија ги обезбеди за земјите членки, но и за оние земји кои се во Европа, а не се во Унијата. До земјите како нашата, ќе ги доставуваат преку членките, па поради тоа соседните Бугарија, Грција, но и Полска се пријавиле да обезбедат за Македонија.
Инаку дополнителни вакцини кои се обезбедени преку Ковакс системот се 833 илјади кои исто така ќе пристигнуваат во земјава етапно. Од пред неколку недели се преговара и со фирмите Фајзер и Астра Зенека.
Од Комитетот не сакаат да шпекулираат за динамиката на вакцинирање, но велат дека никаде во Европа вакцинацијата се уште не е почната освен во Велика Британија и во Србија која за сега има само вакцини за 2 500 луѓе. Стратегијата за целните групи се уште е во изработка ама се поизвесно е дека први се здравствените работници, возрасните луѓе, но и професорите, полицијата, и професиите кои се неоподни за функционирање на системот.
Билјана Николовска