Вести Македонија Топ вести

Дијабетичари жртви на маркетиншки трик-суплемент им се нуди како замена за инсулинска терапија

Лицата со дијабетес се  жалат дека веќе неколку месеци се соочуваат со недостиг на терапија во инсулинските аптеки во некои градови, односно не можат редовно да ја набват. Велат не знаат на што се должи ова, а според нивни информации недостигот се јавува помеѓу два тендера за набвака на терапија, која им  е потребна  на 40 илјади лица кои  редовно примаат инсулинкса терпаија, велат од асоцијацијата Баланс.

-Здравстевните власти треба да пресметаат колку точно инсулин треба за лицата со дијабетес да бидат покриени со инсулин до новата јавна набавка, за да не се јавуваат вакви недостатоци. Затоа што сега во време на пандемија ние треба по неколку пати треба да се наврааќаме во инсулинските аптеки за да си ја подигнеме терапија. Еве конкретно денеска во инсулинска аптека во „Јане Сандански“ јас не најдов инсулин за моето  дете. Го немаше ниту минатат недела,  вели Наташа Деспотовска Димитриевска, од  Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс“  од 1,25 до 2,07 телефонско

Во недостиг на инсулинска терапаија, некои од дијабетитчарите посегнувата и по лекови кои не се регистрирани кај нас  и ги земаат на своја рака. Утрово, токму за ваквов случај на својот ФБ профил објави лекарот од прилепската болница Златко Савоски, посочувајќи дека ноќеска таму се воделеа вистинска битка да се спаси животот  на 27 годишен пациент.

„Ноќва што помина малку фалеше  еден млад живот да биде изгубен од  таканаречениот лек за сите видови на шеќерна болест SUGARNORM кој 27 годишниот пациент го користел.  За среќа, после целовечерна борба пациентот стабилен и со добри параметри е на пат кон Клиниката за ендокринологија. Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози веќе се изјасни дека кај на не е регистриран, ниту пак се препорачува.  Затоа, апелирам до Министерството за здравство, МВР и останатите релевантни фактори да испитаат како и кој го дистрибуира SUGARNORM. Исто така апелирам до пациентите и сите останати да на своја рака не го земаат истиот или било кој друг лек затоа што се изложуваат на опасност, пишува на својот ФБ лекарот Златко Савоски.

Од  „Баланс“ велат дека лицата со дијабетес не треба да посегнуваат по други терпаии освен онаа што им е одредена од  лекар, затоа што со набвака на лекови на своја рака,    можат да бидат жртви на маркетиншки трик.

– Ако ме прашувате запроизводот  Сугарнорм, кој веќе извеснен период се продава на интеренет мрежата и тоа  на големо, станува збор за маркетиншки трик. Сугарнорм не е лек за дијабетес, има силна кампања да се продава тој производ. Не знам дали е лек или суплемент. Ние неколку пати аплеиравме и до МВР , дури и Клиника за ендокринологија реагираш, вели Наташа  Деспотовска Димитриевскана 

Министерот Филипче вели дека Националниот комитет за дијабетес  во изминатиот период регистрирал  зголемена потрошувачката на инсулин  и тоа за  пократок период од  предвидениот согласно планот и стратегијата, а  зголемен е и бројот на новодијагностицирани пациенти. Филипче  додава дека во центрите за дијабетес веќе   е направена редиструбиција, а   во тек   е и  постапка  за двогодишна редовна набвака на инсулин.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски ги разгледува деталите од разговорот со Трамп со неговите европски партнери

Дејан Дејан

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Косово со забрана за увоз на пилешко месо од Бразил – причината е појава на птичји грип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе