Вести Македонија Топ вести

Намален број на тестирања, намален и број на позитивни на Корона вирус

Намален е бројот на тестирања за корона вирус, но се намали и процентот на позитивни. Ваков е извештајот на Институтот за јавно здравје кој ја анализира изминатата недела споредбено со таа претходно. Од 14 до 20 декември тестирани биле 15 600 а тоа според статистиката на институтот е намалување за само 1,6% во однос на претходната недела. Но многу  поголем е процентот на намалување на оние кои излегле позитивни а се тестирале. Минатата недела биле регистрирани нови 4 585 а тоа се за 17 проценти помалку во споредба со неделата која претходела. Според она што може да се види се намалува и бројот на хоспитализации. Ако минатиот понеделник во ковид центрите низ земјава се лекувале вкупно 826 мина, денес нивниот број е 664 ца. И дневниот прием е намален од над  40 сега на околу 30 пациенти дневно. Според министерот за здравство Венко Филипче ова е показател дека епидемијата малку стивнува но апелира граѓаните сепак да се внимателни.

Од друга страна за пациентите кои се лекуваат во домашни услови фондот го промени правилникот и за преглед на Д димери и ЦРП ќе може да добијат упат за во лабораторија и преку матичните лекари, не преку специјалист како до сега. Но и покрај тоа што оваа одлука е донесена пред пет денови матичните велат дека таков образец во компјутерскиот систем се уште не е вметнат.

Инаку намалување има и во бројот на смртни случаи и минатата недела биле вкупно се 159 што е за  8,6% помалку во однос на минатата недела. Но има и помалку оздравени 4.513 лица кои се за 15 % помалку во споредба со минатата недела.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косово со забрана за увоз на пилешко месо од Бразил – причината е појава на птичји грип

Дејан Дејан

Велика Британија ги суспендираше трговските разговори со Израел

Дејан Дејан

Меџити вели дека со разрешувањето на уставната судијка, ДУИ губи можност за дестабилизацијa 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе