Македонија

Владата додели задолженија за изработка акциски планови за прием и чување на вакцините против КОВИД-19

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за здравство ја разгледа и усвои Информацијата за вакцинацијата против коронавирусот, и задолжи неколку институции да изготват акциски планови и стандардни оперативни процедури за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19.

– Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Царинската управа и Министерството за здравство во рок од 7 (седум) работни дена да изготват и до Министерството за здравство да достават сопствени акциски планови (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19, согласно нивната надлежност и нивната улога во спроведувањето на Националниот план за вакцинација против КОВИД-19, се наведува во соопштението од владината седница.

Во врска со оваа информација, Владата му препорачува на ТАВ Македонија ДООЕЛ Скопје во рок од седум работни дена да изготви и до Министерството за здравство да достави сопствен акциски план и стандардни оперативни процедури за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против КОВИД-19.

– Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки, во соработка со Министерството за здравство, во рок од најдоцна 5 (пет) дена треба да изготват Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки со што ќе се овозможи плаќање на аванс поголем од 20 отсто од цената и ослободување од обврската за обезбедување банкарска гаранција за авансно плаќање во постапките за јавни набавки директно поврзани со справувањето со епидемии и пандемии на заразни болести, се истакнува во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Флакрон Беџети си поднесе оставка на функцијата заменик министер за земјоделство

Дејан Дејан

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе