Македонија Топ вести

Властите не се откажуваат од реформирано образование – јавна дебата се уште немало

Владата и Министерството за образование не се откажуваат од реформите во образованието. Јавна дебата за предлог-Концепцијата се уште немало, но премиерот најави дека и тоа ќе се случи. Од МОН денес испратија презентација со појаснување на Концепцијата. Истата ја базираат на истражување со анкета на повеќе од четири илјади наставници.

13 слајдови во презентација со појаснувања за јавноста понуди Министерството за образование и наука денес – за една крупна реформа која што ја планираат во образованието. Нема да се укинуваат предмети, нема да се менуваат содржини, нема да се намалува бројот на наставници и професори – пишува во краткото објаснување на предлог-Концепцијата за која се уште немало јавна дебата. Премиерот Зоран Заев од владината говорница утрово најави дека ќе се намалат наставните содржини коишто се ценат како вишок и непотребни за учениците. „Да ми извинат наставниците, но образованието постои за учениците“ кажа премиерот. Јавна дебата за Концепцијата допрва ќе следи.

Министерство за образование и наука: Не значи дека се укинува наставниот предмет историја, туку содржините од него стануваат задолжителен дел од интегрираната наставна програма. Преку интегрирање на содржини од историја, граѓанско образование и географија, наставниците по овие предмети продолжуваат да работат во училиштето, но сега заеднички ја планираат наставата. Исто така, концепцијата за основно образование не предвидува менување на содржините од предметот историја.

Против оваа идеја, не само поединци туку и институции излегоа со реакции. Откако Институтот за национална историја побара од Владата и од МОН целосно повлекување на Концептот за предметот историја, денес реагираат и од Македонското географско друштво.

Македонско географско друштво: „Првенствено, загрижува фактот што во изработка на предложената нова Концепција за основното образование не е вклучен професор од Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, колевката на природните науки која постои и едуцира наставен кадар цели 74 години. Географијата е од национално значење и како таква во сегашниот облик на изведување е потребно да опстане без никакво припојување со други предмети.“

Информациите досега се дека Концепцијата за реформи во македонското образование се уште не е целосно готова и се доработува, а во еден од слајдовите на МОН пишува дека нејзина појдовна основа е истражување спроведено минатиот месец со собрани мислења на 4.168 наставници.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе