Вести Македонија Топ вести

За празниците рестрикции само за кафеаните

Кафулињата и кафеаните да работат до 18 часот, или кратење на работното време за три часа – е мерка која здравствените власти ја предложија за новогодишните празници. Ќе се одлучува утре на владина седница, а угосителите од петок  ќе ставаат клуч на врата во 18 часот па се до 21 јануари .

Дополнително ,  како една од мерките кои и сега се на сила е дека во затворените кафулињата и кафанаи смее да има гости  само во една третина од  објектот.  Хотелите , кои секоја година организираат дочеци за нова и стара нова година ќе треба да ги затворат рестораните во 21 часот. А , предновогодишните забави на фирмите исто така ќе се забранат.

Од Независната угостителска комора пак со барање на новогодишните празници да работат до 1 часот по полноќ и да се овозможи на угостителите да имаат музички програми.

Другите мерки , главно се сведени на апели и укажувања.  Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до општините да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.

Комисијата препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири во периодот на празниците. Тие исто така ќе достават препорака за забрана за групирање во станови односно , пак укажуваат да се почитуваат  препораките за собири во домови. За сега повеќе детали нема. А , се уште важи мерката за носење на маска на отворено како и затворање на локалите до 21 часот.

За сега нема  најава за полициски час, а на сила е кризната состојба која беше прогласена на 19ти ноември.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе