10- Декември – Меѓународен ден на човековите права, но и ден кога граѓанскиот суд ја одби тужбата на новинарката Душица Мрѓа од 24 Телевизија поради повреда на правото на слобода на изразување за крвавиот четврток и пресуди во корист на државата.
Причините за одбивањето на тужбата сеуште се кај судот кој заедно со пресудата ќе ги испорача на странките. Адвокатите се изненадни од одлуката на судот, а Мрѓа остро реагираше на својот фејсбук профил.
Откако власта не го исполни едно од најголемите ветувања „правда за сите за 27 април“ и амнестираше кого стигна, дел со закон, дел со сведочења, судот не виде нарушување на моите човечки и новинарски права на крвавиот четврток. Јас на 27 април добив ќотек, бев повредена, омаловажувана, навредувана,спречена да си ја работам работата, но јас на 27 април ја искористив секоја можна прилика да известувам во живо за хаосот во Собранието,“ напиша новинарката Душица Мрѓа на својот ФБ профил
Мрѓа е една од петте новинари и двајцата сниматели кои се одлучија да тужат а зад нив застана здружението на новинари. Адвокатите го бомбардираа судот со листа на сведоци, изјави на тужителите, но и вештачење за стравот и стресот со кои се соочиле новинарите за време на крвавиот четврток.
Државниот правобранител од друга страна, пак, тврдеше дека известувањето на граѓаните не биле спречено, а отштета тужителите треабале да бараат од организаторите на протестите, а не од државата. Процесот заврш ии за новианрската НАташа Стојановска од Телма Телевизија, но и по две недели судот не ја доставува пресудата. На 16- ти овој месец продолжуваат остантие 3 предмети. Кон крајот на април оваа година новинарите – Наташа Стојановска, Душица Мрѓа, Горан Трпеноски, Влатко Стојановски и Билјана Николовска со уште двајца сниматели од телевизија Телма жртви на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, поднесоа приватна тужба против државата поради повреда на правото на слобода на изразување и за надомест на нематеријална штета.
Тужбата е поднесена во знак на незадоволство од Основното јавно обвинителство во Скопје, кое и после три години откако новинарите дале исказ, нема покренато ниту еден обвинителен акт против насилниците од Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“, кои критичниот ден навредуваа и тепаа новинарски екипи што известуваа од Собранието.
Павле Беловски