Голем дел од женските особи чија коса е кратко пострижена и кои не носат типично женски украси, а постојано се облечени во панталони – имаат тешкотии во прифаќање на сопствениот пол
Ова е извадок од книгата Основи на персонологијата 1 и 2 на професорот Јанаков од која се учи на катедрата по Психологија во втора година,како дел од литературата за предметот „Личнист“ а од вчера е и првиот учебник кој заработи тужба поради дискримитарска содржина.
Од Филозовскиот факултет велат дека учебникот е поткрепен со научни ставови од странска литература и дека факултетот како автономен остава простор на професорот да изготви наставна програма.Дополнително , како што вели деканот проф Дуев , ова е повеќегодишен проблем , но и дека досега кога се поднесувале претсавки за овој учебник не утврдено дека во него има дискриминаторска содржина.
Од „Коалиција Маргини“ велат дека неколку пати имаат реагирано дека побараме повлекување на спорните содржини, но дека до сега наишле на отпор и игнорирање на барањата.
Министерката за образование повика ваквите учебници да бидат повлечени, по примерот на учебниците з аосновно и средно во кои имаше дискриминирачки содржини и беа повлечени.
На потребата од измена на наставните материјали уште во 2011 година укажа и Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата, но како штовелат од невладините кои ја следат оваа проблематика досега малку е направено за елиминирање на дискриминацијата во образованието.
Теодора Цветковска