Ковид19 Македонија Топ вести

Најмногу починати од Ковид-19 во Македонија до сега, дури 46

Нов црн рекод на починати во едно деноноќие од Ковид-19 е забележан денеска, откако Министерството за здравство потврди дека како резултат на компликации од коронавирусот починале дури 46 лица.

Претходниот највисок број на смртни случаи беше забележан на 28 ноември, кога беа регистрирани 41 починат пациент и 16 ноември со 40 починати.

19 од починатите пациенти се од Скопје, каде има и 28 годишен пациент. пет пациенти од Тетово, по тројца од Охрид, Струмица и Велес, по двајца во Струга, Кочани и Кичево, по еден починат има во Дебар, Штип, Прилеп, Кавадарци, Гостивар, Демир Хисар, Македонски Брод во останатите градови има по еден починат пациент. Од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска регистрирани се 504 нови случаи на ковид-19 од 1470 тестови, што значи дека процентот на позитивни од тестирани останува висок со 34,2 проценти. Новозаболени повторно најмногу има во Скопје-174, потоа Тетово-47, Прилеп-36, Велес-31,  Куманово-15, Дебар-21, Штип-18, , Струга-1, Битола-8, Охрид-19, Кавадарци-26, Гостивар-27, Гевгелија-15, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Свети Николе-15, Неготино-10.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравени пациенти од: Скопје-252, Куманово-18, Штип-34, Прилеп-47,  Тетово-22, Струга-34, Велес-35, Битола-33, Охрид-24, Кавадарци-18, Гостивар-39, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Крушево-60, Кочани-5, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Виница-7, Кратово-4, Свети Николе-10, Кичево-24, Ресен-13 и Неготино-13.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69.954, бројката на оздравени пациенти е 46.352, на починати е 2.023, а бројот на активни случаи изнесува 21.579. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 30.273, активни 10.886
  • Куманово 4.113, активни 655
  • Дебар 525, активни 139
  • Штип 2.943, активни 476
  • Прилеп 3.470, активни 961
  • Тетово 4.226, активни 1.024
  • Струга 1.670, активни 418
  • Велес 2.299, активни 694
  • Битола 2.468, активни 879
  • Охрид 1.888, активни 558
  • Кавадарци 1.536, активни 584
  • Гостивар 2.947, активни 916
  • Гевгелија 863, активни 268 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 150 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 1.907, активни 592
  • Крива Паланка 498, активни 136
  • Радовиш 491, активни 128
  • Крушево 148, активни 18
  • Кочани 1.352, активни 250
  • Пробиштип 391, активни 77
  • Демир Хисар 212, активни 54
  • Македонски Брод 189, активни 40
  • Пехчево 113, активни 19
  • Берово 436, активни 119
  • Валандово 238, активни 56
  • Виница 405, активни 128
  • Делчево 568, активни 290 (162 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 171, активни 42
  • Свети Николе 935, активни 209
  • Кичево 1.385, активни 401
  • Ресен 536, активни 199
  • Неготино 758, активни 363 (114 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.470 теста се преку: ИЈЗ-571, ЦЈЗ Скопје-16,  Авицена-206, Биотек-119, МАНУ -203,  Жан Митрев (Филип Втори)-90, Систина со PCR метода -173, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-30, Синлаб-0, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -32, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 354.205 тестирања на Ковид -19.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски ги разгледува деталите од разговорот со Трамп со неговите европски партнери

Дејан Дејан

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Меџити вели дека со разрешувањето на уставната судијка, ДУИ губи можност за дестабилизацијa 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе