Македонија Топ вести

Владата отчет ќе дава по 2 дена, опозицијата бара лидерска средба и предвремени избори     

Хаотична надворешна политика, блокирање на евроинтегративните процеси, неуспешно справување со пандемијата, рецесија, зголемена невработеност, лош почеток на учебната година, пропадната банка, се само дел од причините наведени од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски поради кои бара од премиерот Заев да си поднесе оставка од функцијата.

100-те дена од сработеното на Владата ги оквалификува како целосен дебакл. Затоа бара итно свикување на лидерска средба, а доколку тоа не се случи, тогаш ќе преземат други чекори преку поднесување интерпелација во Собранието и иницијатива за предвремени парламентарни избори, доколку има услови за нивно одржување.

100-те дена од формирањето на Владата, опозицијата од албанскиот политички блок ги оцени како катастрофални. Бараат и тие да бидат вклучени и информирани за сите натамошни преговори со Бугарија.

Владата наместо денеска да даде отчет за сработеното, одлучи тоа да го направи по два дена, во петок.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски ги разгледува деталите од разговорот со Трамп со неговите европски партнери

Дејан Дејан

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Меџити вели дека со разрешувањето на уставната судијка, ДУИ губи можност за дестабилизацијa 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе