Пандемијата со коронавирусот има задава големи проблеми на организаторите на спортските натпреварувања и поради тоа се бараат начини како тие да се одржат, а безбедноста на учесниците да биде на највисоко ниво.
Медиумите во Шпанија најавуваат дека постои опција според која првиот Гренд слем тениски турнир, Отвореното првенство на Австралија би можело да се одржи на два континенти.
Организаторите ја разгледуваат опцијата квалификациите да се одржат на друг континент, а домаќин на главниот турнир да биде Мелбурн.
Како можни организатори на квалификациите се споменуваат Доха, Дубаи или Сингапур, а оваа варијанта се разгледува бидејќи на тој начин би се намалил бројот на тенисери кои би влегле во таканаречениот балон во кој би биле само тенисерите кои се дел од главниот турнир.