Вести Македонија

Воздухот алармантно загаден во Тетово, Куманово и Кавадарци

Заради алармантното загадување на воздухот во Тетово, Куманово и Кавадарци два дена последователно, стапуваат во сила посебни мерки во Тетово, Куманово и Кавадарци.

Мерките предвидуваат да им се препорача на сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронични болести. Исто така се задолжуваат државните и локалните институции да ја намалат за половина употребата на службените возила, да се обезбедат ограничувања на работите на градежните објекти, како и прифатилишта за сместување на бездомници. Надлежните инспекторати, пак, треба да почнат со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А дозвола, а и на нив им се препорачува оние што произведуваат топлинска или електрична енергија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

ЈП „Национални шуми“ започна со превентивни мерки за заштита од пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе