Вести Македонија

18 години без попис и грижа за населението во дел од Источниот регион

5.429 жители на источниот регион официјално си заминале од своите родни градови и села. Статистичките податоци говорат дека во овој регион во 2012  имало 179.770, а во 2019 година 174.341 граѓанин. За осум години  илустративно, овој регион изгубил популација, колку што брои најмалата рурална општина Зрновци.

Но, податоците не ја даваат јасната слика за имиграцијата и емиграцијата во Брегалничкиот регион, опфатени се  само оние кои легално се пријавиле за престој во друга земја, а се одјавиле од матичната.  Напуштени куќи, урнати фурни, огништа, од коишто останале само камењата. Жиганци во општината Чешиново-Облешево, пред 18 години беше едно од најбогатите и живи села, а сега е со над триесетина напуштени куќи.

  • „Жиганци имаше седум продавници, тоа народ имаше фудбал се играше, утакмици правевме. Се и сешто имаше. Сега сите млади отидоа во странство. Кој во Германија, кој во Италија. Многу млади напуштија. Едно триесет куќи празни има во селото. – Зошто ?  Нема живот, каде ќе работат, “ жител на село Жиганци
  • „Нема ниту школо. Нема деца. Од народот еден до двајца останаа. Ништо, сами сме. Стари, пензионери ние што ќе ни е работа, што ќе работиме, не можеме да работиме, крај, жител на село Жиганци
  • „Вашите деца каде се ? – Од моите едното е во Штип, таму најде работа, едното е тука со мене. Ме замени во овчарулкот. Он заврши ветеринарен техничар, не можеше да најде работа, и остана со мене заедно“, вели жител на село Жиганци
  • „Овдека народот страда, нема пет денари да си купат дрва, нема откуп за оризот, нема ништо од тие работи, “ додава друг жител на селото Жиганци, Штипско

Одамна имаат водовод, но не и канализација, пред неколку години изградени се мостови преку кои се поврзуваат со соседните општини Пробиштип и Карбинци, но младите си заминале, а на вратата на училиштето е ставен катанец.

„ Основото училиште „Страшо Пинџур“ во селото Жиганци во Општина Чешиново- Облешево веќе петта година е затворено. Обрасното е со трева, прозроците се испокршени во него не се слуша детскиот џагор. Затворено е откако во него останале само две деца.“

Напуштеното детско игралиште и рѓосаните лулашки во училишниот двор говорат дека истокот одамна ја изгубил битката со наталитетот. Мештаните причините за иселувањето ги гледаат во долгодишното не инвестирање во инфраструктура, но и во ниската цена на оризот. Пред 20 тина години од една реколта купувале станови или земјоделска механизација, а сега им останува колку да преживеат. Истата слика е и во соседната општина Карбинци. На само четири километри од Жиганци е селото Крупиште првото урбанизирано село во регионот, со широки улици и тротари, какви што немаат и одредени населби во Штип.Ѓорѓи Мицов вели  Индустрилизацијата во 70 тите години на Штип ја исели младата популација од Крупиште.

  • „Пребегани се во Штип, во Скопје. – Вашите деца каде се ? – Моите се во Скопје . – Сите ? Па, двајца се. – Зошто? – Па, на работа, да работат, “ вели жител на село Крупиште, Општина Карбинци
  • „Јас сум од 2001- ва во Скопје иселен поради тоа што тука немаше работа, немаме ниви за обработување и затоа се иселивме. Земав некое камионче, со тоа отидов во Скопје и егзистенцијата ја видов таму. – Би се вратил овде или не ? – Тешко, затоа што нема што да работиш, нема можности. Да се вратам единствено на пензионерски денови, “ вели иселен жител на селото Крупиште

Жителите на Жиганци и Крупиште без разлика за која партија навиваат се едногласни дека попис мора да има. Вратите на пописните комисии ќе им бидат отворени.

  • „ Ќе отвориме. Ќе отвориме ако дојдат,“ вели жител на селото Жиганци
  • „Пописот може ако се изведе. Не може тоа така на диво да се тера, “ жител на село Жиганци
  • „Јас сум уште на штипска адреса, на Крупите се водам. Значи ако дојдат во Скопје да прават попис јас ќе си се попишам дека сум си во село. Без разлика, јас немам потреба нешто да сокријам, додава иселен жител на селото Крупиште, Општина Карбинци

Секој од осумте плански региони во земјава е со свои специфичности и потреби за развој, Советот на градоначалници на Источниот плански регион смета дека сегашните статистички бројки и методологијата, со кои се определува степенот на развиеноста на региооните не е реална, а оваа искривена слика ќе се поправи со пописот.

„ Очекувам дека со пописот ќе се добие методологија коај што ќе биде, која што ќе даде реални резултати и според која што реално ќе се рангираат овие плански региони за да може реално да се одреди висината на средствата кои што ќе се добиваат со цел да се избегне тој нерамномерен регионален развој кој што е присутен во рамки на оваа наша регионална поделба, објаснува, Јане Миланов претседател на Совет на градоначалници на Источниот плански регион

Пописот на општините и на планските региони ќе им даде насоки и каде да инвестираат, во кои населени места и зони, бидејќи погрешните инвестиции на истокот направија и топ листа на промашени проекти, вредни неколку милиони евра  какошто е патот кон можниот граничен премин Црната Скала, изградба на инфраструктира за индустриските зони во Делчево и Берово, кои и по неколку години се празни ливади.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

ЈП „Национални шуми“ започна со превентивни мерки за заштита од пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе