Македонија Топ вести

Собранието нема кворум за работа дел од пратениците позитивни на Ковид 19

Блокирана е работата на Собранието. Виси носењето на голем број закони затоа што не може да се обезбеди мнозинство поради отсуството на пратеници кои се позитивни на Ковид 19 .Во прашање е доведено и усвојувањето на Буџетот за 2021 година за кој се поднесени 528 амандмани како и закони кои се дел од четвртиот сет антикризни мерки а се однесуваат на социјалните категории. Опозицијата од денеска одлучи и да не присуствува на координациите кај собранискиот спикер Талат Џафери поради тоа што не биле консултирани при поднесувањето на предлогот за измени на Деловникот со кој ќе се овозможи онлајн работа на пратениците.

Иако предлогот е поднесен по скратена постапка тој нема да биде ставен на седница се додека не дадат мислење сите пратенички гупи. СДСМ апелира пратениците разумно да се однесуваат и да се согласат со предлогот пратениците кои се во изолација да може онлајн да се вклучат во работата на Собранието.

     Функционално,наспроти блокирано Собрание во секоја смисла е интерес на сите граѓани. Се надеваме дека сите пратеници ќе ја подржат измената на Деловникот со цел и во вакви тешки услови да можеме да функционираме како што функционираат сите парламенти во светот, вели Јован Митрески Координатор на пратеничка група на СДСМ.

СДСМ тврди дека за измените е потребно просто мнозинство додека опозицијата е на став дека Деловникот не може да се менува без 80 гласови.Сметаат дека предлогот на Џафери е противуставен, а нефункционалноста на парламентот ја лоцираат во тенкото владејачко мнозинство.

Jулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

30 проценти од бремените жени во Македонија се соочуваат со анксиозно – депресивни потешкотии

Дејан Дејан

Експерти: Најавените милијарди може да ја придвижат економијата на државата ако паметно се искористат

Дејан Дејан

Шести марш на ангелите во Кочани за помош на смесјтвата на жртвите и повредените во пожарот во Пулс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе