Ковид19 Најважни

Има ли ЦУК капацитети за управување со кризната состојба?

Во Центарот за управување со кризи која ќе биде клучната државна институција по прогласувањето на кризната состојба забрзано се подготвуваат за претстојните задачи и координација со државните институции и приватниот сектор.

Управувачкиот комитет денеска го одобрил предлогот на претседателот Стево Пендаровски и Советот за безбедност за прогласување на кризна состојба на теритопријата на целата држава, со што барем законски повеќе нема пречки за прогласување на кризната состојба.

Со прогласувањето на кризната состојба ќе се активира и Главниот Штаб со кој ќе раководи Ангелов.

Главниот штаб е во постојано заседавање и има задача да направи акциски план за превенција на ширењето на кроновирусот, целосен преглед на расположивите човеки и технички ресурси како во државниот така и во приватниот сектор како и план за координирано дејствување.

Она што е клучно е како ќе се располага со материјалните и човечки ресурси на приватниот сектор и кој ќе одлучува дали, кога и во колава мера треба да се вклучи. Користењето на ресурсите на приватниот сектор може да биде доброволно или да се плаќа а ценовникот е според тарифите кои ги има во Стопанските комори и асоцијации.

Законот за управување со кризи предвидува формирање локални кризни штабови во сите општини во државата, вкупно 80 и Град Скопје.

Кризната состојба може да трае до 30 дена а за продолжување Владата ќе мора да бара дозвола од Собранието.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Путин предложи директни преговори со Украина на 15 мај – Зеленски: Те чекам лично во Истанбул

Дејан Дејан

Кошта од денеска до 16 мај низ Западен Балкан – в четврток во Скопје

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе