Македонија Најважни

„Шпигел“: Бугарија со своето вето за Македонијапредизвика уште една криза во ЕУ

Потребно е европско решение за спорот со Бугарија. Владата е оптимист дека се можни преговори во пресрет на Европскиот совет. Претседателот Стево Пендаровски не чувствува одговорност за бугарското вето.

Премиерот Заев бара воздржаност од политичарите. Смета дека во моментов нема потреба од лидерска средба.

Бугарското вето за Македонија се најде на страниците на германски „Шпигел“. Во анализата под наслов „Нација без довола на соседот“ весникот наведува дека иако државата е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, нејзините соседни земји го блокираат почетокот на преговорите за членство.

Најпрво земјата требаше да го смени името под притисок на Грција, сега за неа нови услови поставува Бугарија. Бара од Македонија официјално да објави дека македонската нација има бугарско потекло и дека македонскиот јазик е западно-бугарски дијалект. „Некои националисти ги сметаат за Грци кои говорат на словенски јазик. Други ги сметаат за јужносрби или западни Бугари. На Македонците во поновата историја воопшто не им било лесно да бидат признати како посебна нација, со посебен јазик“, пишува Шпигел.

Бугарија прави преседан во политиката на проширување на ЕУ. Земјата гротескно го користи својот поглед на историјата како политичко оружје против соседната земја, се вели во анализата на „шпигел“.

На  ветото реагира и Советот на амбасадори нарекувајќи го „непримерн чин“ на Бугарија. Ги повикува земјите членки на унијата да придонесат Европскиот совет да донесе вистинска одлука, а во декември Македонија и ЕУ да ја одржат првата меѓувладина конференција со што ќе започнат преговорите за членство во Унијата.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Македонија 2025“: Корупцијата најголем проблем, дигитализација за развој на економијата

Дејан Дејан

РЕК Битола се подготвува да отвори нов рудник на јаглен во близина на постоечките рудници

Дејан Дејан

Ниски плати и неправедна судска пракса – независниот полициски синдикат на протест

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе