Македонија Топ вести

Да престанат да не силуваат со градби велат жители на Пржино откако се сруши потпорен ѕид

Жителите на населбата Пржино вчера попладне ги вознемирил овој потпорен ѕид кој се срушил во ек на градба на нова зграда, чиј влез е планиран да биде на улицата „ Кара Трифун“. Велат револтирани со аплауз го дочекале инвеститорот зашто сметаат дека просторно се силувани со подигањето на новиот објект, кој е шести по ред во нивното опкружување.

На сила не тераат да прават зграда. Каде не тераат на сила, доаѓаат тука и се однесуваат како газди. Ни ги истераа колите , немаме каде да паркираме. Се однесуваат дрско, не вреѓаат. Арогантни се , и инвеститорот и од Општина Кисела Вода, вели Искра Димитрова- жителка на населбата Пржино.

Жителите на улицата „ Пржино“ се плашат  зашто сметаат дека се гради на стрмен терен, каде може да падне и стамбената зграда и некој да загине. А, најмногу маки имаат соседите до парцелата, каде што се гради.

Кога се копа се тресе цела куќа. Ни бучи цело време. Меѓутоа тоа не е најголемиот проблем . Ќе го издржиме тој проблем. Понатаму како ќе живееме со целата гужва и проблемите што следуваат со целата инфраструктура , загадување од колите и т.н. Имаме и најбанален пример , каде ќе ги стават кантите за ѓубре. Видете ја уличката, уште 20 канти за ѓубре треба да има, вели Ацо Антевски-жител на населбата Пржино.

Инвеститорот вели дека паднал потпорен ѕид граден пред пред 5 децении, дека гради со потребните дозволи и платени комуналии и дека проблемот кој го имаат соседите не би постоел , доколку градбата не била дозволена со ДУП-от од 2016 година.

Требале пред да го донесат ДУП-от во 2016 година, да одат во Општината, да не го донесат тој ДУП и немало јас да сум бил овдека, трвди Атанас Исајловски- инвеститор на стамбениот објект.

И кога изјавите во камера завршија, реториката меѓу двете страни се вжешти.

Од Општината Кисела Вода вела  дека по извршен надзор на градежната инспекција од кај нив, за инвеститорот се подготвува решение за забрана за градење додека не изготви геомеханички испитувања на теренот за безбедноста на објектот, по што ќе се утврди дали може да продолжи да гради.

Во овој момент, на инвеститорот првично усно, бидејќи во моментот се прави решението , му е дадена забрана за градење. Освен на делот каде што е свлечиштето, бидејќи сметаме дека веднаш треба да се санира тој дел, бидејќи не е сеуште свлечиште, но за да не ни се случи свлечиште, вели градоначалникот на кисела вода филип темелковски.

А, за барањето на жителите на Пржино да се направи мораториум за градба, Темелковски со одговор дека се размислува да се забранат градби на ризични локации, каде може да се појават свлечишта.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе