Грција во сабота во 6 наутро влегува во целосен, втор карантин, во траење од три седмици. Граѓаните ќе можат да се движат само со конкретна причина и доколку претходно пријават до властите дека мора да излезат од дома. Сепак отворени ќе останат, аптеките, забавиштата и основните училишта, бензинските пумпи, супрмаркетите.
Новиот локдаун во Грција доаѓа по драстичното зголемување на бројот на нови случаи на дневно ниво, како и на бројот на пациенти во болниците. Бројот на пациенти во болниците вчера стигна до 1.600.
Со карантинот грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, денеска најави и финансиска поддршка, за што информираше дека земјата располага со над 37 милијарди евра. Вработените кои ќе бидат бидат на принуден одмор, ќе добијат месечна помош од 800 евра, а ќе сите кои подолго време се невработени ќе добијат по 400 евра.
Во карантин од денеска оди и Велика Британија, а Италија и Кипар се подготвуваат за полициски час. После Ирска и Франција, по вторпат се затвори и Британија каде несуштинските продавниците ќе мора да се затворат, угостителите ќе можат да вршат само испорака, но училиштата остануваат отворени. Карантинот во Британија треба да заврши на 2 декември. Инаку Велика Британија е земја со најмногу жртви од Ковид-19 во Европа со 48.000 смртни случаи.
Нови рестрикции се воведуваат и во Париз со цел да се превенира влошувањето на пандемијата со Ковид-19. Мерките предвидуваат барање дополнителен број продавници да биде затворени навечер. Тоа би значело затворање на одредени продавници што продаваат храна и пијалоци за носење во 22 часот, покрај веќе воведеното затворање на продавниците. Франција вчера објави 40.558 нови случаи на заразени вирусот и 385 смртни случаи, со што вкупниот број на жртви во Франција достигна 38.674 од почетокот на епидемијата.
По карантинот во Грција состојбата се епидемијата во регионот се влошува и во другите балкански земји. Србија вчера изброи нови 2.400 биле позитивни, по што директорката на српскиот институт за јавно здравје, Верица Јовановиќ, побара поголема контрола на носењето маски. Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави денеска дека состојбата со бројот на заразени со новиот коронавирус во Белград е критична. Според него, мора да се спречи понатамошно пренесување за да се зачува здравиот систем.
Во Бугарија пак во последните 24 часа регистрираше рекордни 4.054 нови случаи на коронавирусот од кои една третина се во Софија. Бугарија регистрираѓше и црн биланс од 54 починати.
Коронавирусот во моментов најбрзо се шири во Европа со повеќе од 11 милиони случаи, од кои половина се во Русија, Франција, Шпанија и Велика Британија. На глобално ниво, пандемијата уби најмалку 1,2 милиони луѓе.
САД сè уште се на првото место, со 233.650 смртни случаи. Америка пак само вчера регистрираше повеќе од 102.000, а бројот на ходспитализирани надмина 50.000.
Тамара Грнчароска