На најновата АТП листа има само една измена во редоследот меѓу десетте најдобри тенисери на светот.
Данил Медведев успеа да го мине Стефанос Циципас и рускиот тенисер сега е шести додека Гркот падна на седмата позиција.
Лидер и натаму е Новак Ѓоковиќ со скоро 2000 поени предност во однос на Рафаел Надал, а трет е Доминик Тим додека на четвртата позиција се наоѓа Роџер Федерер.
Андреј Рублев се задржа на осмото место пред Диего Шварцман и Матео Беретини.
Кај дамите нема измени меѓу десетте најдобри. Ешли Барти и натаму е на чело пред Симона Халеп, Наоми Осака, Софија Кенин и Елина Свитолина.
Шеста е Каролина Плишкова, а на седмото место се наоѓа Бјанка Андрееску.
Осмата позиција е резервирана за Петра Квитова, а десетте најдобри ги комплетираат Кики Бертенс и Серена Вилијамс.