Спорт Тенис

Завршниот АТП турнир во Лондон без публика

И покрај воведувањето на карантинот во Велика Британија, завршниот АТП турнир ќе се одржи во Лондон, но нема да биде дозволено присуство на гледачи.

Според календарот турнирот во британската престолнина ќе се одржи во периодот од 15 до 22 ноември, а на него ќе настапат осумте најдобри тенисери во текот на сезоната.

Мечевите ќе се играат во О2 арената во Лондон и ова е последен завршен турнир на Острвот бидејќи од следната година тој се сели во Торино.

Покрај двајцата водечки тенисери на светот Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал на турнирот ќе настапат уште бранителот на трофејот Стефанос Циципас, Доминик Тим, Александар Зверев и Данил Медведев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе