Вести Македонија Топ вести

Кривична пријава за кафе- бар „Интермецо“ – пречекувале гости и покрај забраната од 30 дена

Од опомена преку парична казна до кривична пријава. Бучавата од кафе-барот „Интермецо“ ќе се гони судски ако обвинителството ја прифати најавената кривична пријава од општина Центар. Граѓаните се жалеле на гласна музика од кафулето, а општината завчера го затвори локалот на 30 дена. Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, најави дека ќе бара од јавното обвинителство да се справи со со одговорните во кафе-барот „Интермецо“.

„По извршените контроли на кафе барот ‘Интермецо’, вчеравечер истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и забраната за работа од 30 дена. Пломбата поставена на влезот на локалот е отстранета што согласно членот 389 од кривичниот законик, претставува кривично дело казниво со парична казна или со затвор до три години. По добивање на записниците, Општина Центар до надлежните органи ќе поднесе кривична пријава за симнување на службен печат“, напиша Богдановиќ на Фејсбук.

Камерата на Телма забележа дека наместо пломба вратата на локалот е ширум отворена, а вработените непречено влегуваат и излегуваат. Одговрните во локалот тврдат дека не ја прекршиле забраната за вршење угостителска дејност, со образложување дека тие во решението на инспекторатот не се соочиле со пломба за локалот. Најавија контра кривична за инспекторот и отшуштање на сите вработени.

Популарното кафуле доби пломба за гласна музика, а по, пријава и поплаки од страна на жителите, инспекцијата констатирала дека локалот ги надминал пропишаните вредности на бучава. Таа казна изнесува 6.000 евра. По добивање на записниците, Општина Центар до обвинителството ќе поднесе кривична пријава за симнување на службен печат, дело за кое е предвидна парична казна или затвор до три години.

 

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе